Зелено светло за најсоверемениот воз на светот

popara22 јуни, 20111min00
simens-icx-voz

Siemens AG и Deutsche Bahn AG потпишаа договор за испорака на 220 нови возови со огромна брзина во вредност од шест милијарди евра, со опција за дополнителни 80возови.

Германските железници „DB“ веднаш ќе нарачаат 130 возови, а потоа се планираат дополнителни 90 возови од рамковниот договор кој важи до 2030 година. „DB“ останатите 80 возови може да ги нарача во секое време, соопштиле од Simens.

Претседателот на одборот и генералниот директор на „DB“ Рудигер Грубе за време на потпишувањето на договорот изјавил дека со овие  Icx возови ќе се стави камен темелник во превозот на далечните дестинации, а ќе се постават нови стандарди во однос на безбедноста, сигурноста, еколошката средина, компатибилноста, комфорот за време на патувањето.

Возовите ќе се произведуваат во две варијанти. Првата е воз од седум делови, со три моторни вагона. Тој достигнува максимална брзина од 230 километри на час, а има 499 седишта.

Втората верзија ќе биде воз од десет делови, со пет моторни вагони и 724 седишта. Оваа верзија ќе достигнува максимална брзина од 249 километри на час. Се очекува првиот ваков  Icx воз да почне да функционира во 2016 година. Употребата на  Icx возовите за превоз во Германија ќе им биде даден приоритет на патувањата низ соседните европски земји.

httpv://www.youtube.com/watch?v=uBdeEYgr5SA

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma