Швајцарија е федерална република која има 26 кантони, а главен град, и седиште на сите федерални институции е Берн. Државата е сместена во Западна Европа и се граничи со Германија на север, со Франција на запад, со Италија на југ, и со Австрија и Лихтенштајн на исток.