Десет знаци дека е крај на љубовта

11 ноември, 20110
ljubov

За врските се вели дека имаат „ненадејна смрт“ или пак „бавна, исцрпувачка смрт“. Всушност, станува збор за класификација на начинот на кој завршуваат врските. „Ненадејна смрт“ на врската настанува кога врската завршува моментално, на пример откако жената дознала дена нејзиниот партнер ја изневерувал. Другиот тип на „крај“ на врската, односно „бавната смрт“ всушност настанува кога ниту еден од партнерите не е виновен, но љубовта едноставно исчезнува. Па, кои се знаците дека на љубовта веќе и е дојден крајот???

  • Вие секогаш сте оние кои први се јавуваат и покренуваат иницијатива за средба.
  • Веќе одамна не користите слатки прекари како „срце“, „душо“ итн…
  • Заедничкото време го поминувате во активности кои не подразбираат разговањање, како на пример гледање филм.
  • Веќе одамна не сте биле на романтична вечера.
  • Многу почесто излегувате со друштвото отколку со партнерот.
  • Дури и ако излезете заедно, често се случува да си отидете пред партнерот или тој да си отиде пред вас.
  • Веќе одамна сте заборавиле на романтичните гестови.
  • Не може да се сетите кога последен пат сте воделе љубов.
  • Партнерот се чувствува слободен да ви откаже состанок кога сака.
  • Кога ја замислувате вашата иднина, партнерот некако не се вклопува во врската.

Доколку се пронајдовте во овие ситуации, треба да ви светне црвениот сигнал. Можеби не е предоцна да се спаси врската, па обидете се да промените некои нешта. Доколку и понатаму нема никаква реакција од партнерот, време е да продолжите понатаму и да најдете некој кој вистински ќе ги разгори вашите страсти.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi