Били Кристал се враќа! Ќе ги води Оскарите наместо Еди Марфи!
11 ноември, 20110
Откако Еди Марфи се откажал од водењето на Оскарите, требало бргу да се најде замена, а како идеален се покажал човекот кој досега осум пати го има водено шоуто, комичарот Били Кристал. “Ќе ги водам Оскарите само поради младите фармацевтки за повеќе да не ме прашуваат за моето име кога ги подигам препишаните лекови”. Му се радувам на шоуто”, напишал Били Кристал на својот Твитер профил. Кристал последен пат ги водел Оскарите во 2004 година.