Згодни мајки:) Познатите модели со своите деца

popara20 септември, 20111min00
Adriana-Lima3

Тие се убави како и да е… Но кога се со своите деца се посебно убави. Светски најдобрите модели имаат посебен шарм кога покрај ниов седат нивните мали ангелчиња.

Жизел Бундхен

Таа веќе втора година е прва на листата на најплатени модели. Но, тоа не значи дека Жизел е посветена само на својата кариера. Таа голем дел од времето го поминува со своето малечко. Дневните прошетки се дел од нивното секојдневие.

Алесандра Амбросио

Таа е една од ангелите на Викториа Сикрет. Алесандра е модел кој е ангажиран во голем број на проекти и секогаш и секаде изгледа преубаво. Но, мора да признаеме дека кога е во друштво на нејзината малечка ќеркичка изгледа посебно.

Синди Крафорд

Ова е манекенка на 90-те. Една од оние кои пленија со своите облини. Синди сеуште е активна во манекенството, годините не и се препрека во ништо. Ниту во работните ангажмани, ниту пак во убавиот и секси изглед. Таа е мајка на две деца.

Адриана Лима

И Лима исто така е една од ангелите на Викториа Сикрет. Оваа бразилска убавица е во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ, со кога ја имаат малечката ќеркичка која очигледно ја има наследено целата убавина од својата мајка.

Хајди Клум

Германскиот модел Хајди Клум е една од најубавите модели на денешницата. Но, на ниту една друга фотографија Хајди ја нема оваа искрена насмевка како што ја има на оваа слика. Инаку Хајди е мајка на четири деца.

Кристи Тарлингтон

Оваа бринета знае навистина да плени со својот шарм и женственост кога се наоѓа на пистата. Но изгледа подеднакво слатко и привлечно кога е без шминка, но најверојатно тоа се должи на присуството на двете нејзини дечиња.

Кејт Мос

Уште еден модел на 90-те. Ретко кој би рекол дека Кејт Мос е мајка на веќе израснато девојче. Нејзиното тело воопшто не ги издава годините.

Каролина Куркова

Каролина е дел од екипата на Викториа Сикрет. Таа веќе неколку години е меѓу оние модели кои најмногу заработуваат. Но, своето слободно време секогаш го троши со своето синче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma