Жабата “виножито“ повторно најдена жива, после скоро 100 години

popara17 јули, 20111min00
toadnaslovna

Последен пат жабата “виножито“ била забележана во 1924 година. Шарената, со вретеновидни нозе крастава жаба за која се верувало дека е изумрена, сега повторно е откриена во шумите на Борнео. Научниците од Универзитетот Malaysia Sarawak (UNIMAS), пронашле три од нив на дрво за време на ноќно истражување.

Тимот поминал месеци и месеци низ шумите за да стигне до овие видови на жаби. Пред оваа слика, само постоела илустрација за ваквиот тип на жаба. Таа била нацртана само од примероците кои биле собрани од европски истражувачи во текот на 1920 години.

Conservation International, го започна ова глобално пребарување на изгубените водоземци во 2010 година, а оваа крастава “виножито“ жаба беше во топ 10 листата на најбарани жаби во светот.

Истражувачите изјавиле “ ова не потсетува дека природата сепак има свои скапоцени тајни кои ние се уште ги откриваме“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag