Жена ќе биде новиот претседател на Косово

7 април, 20110
2
По долги спорови власта и опозицијата во Косово се спогодија за единствена кандидатура за функцијата претседател. Компромисниот кандидат е Атифете Јахјага. Така најмладата европска држава ќе има жена за претседател, пишува денеска австрискиот весник “Дер Штандарт“.
Јахјага е заменик директор на косовската полиция. Премиерот Хашим Тачи, изјави дека таа има поддршка од сите партии.
Претходниот косовски претседател Беџет Пацоли беше принуден да се повлече од функцијата, бидејќи уставниот суд на Косово утврди дека неговиот избор бил противуставен.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit