Жена патентирала кондоми кои полесно се навлекуваат

8 јуни, 20110
kondomi

Ставањето презервативи од сега ќе биде многу полесно и поедноставно, благодарение на новиот систем кој се состои од две ленти за еднократна употреба, а неодамна овој изум беше патентиран во Шпанија од жена.

Марија Анхелес Мачука, бизнис жена од Севиља, три години работела на својот пронајдок, кој веројатно ќе им помогне на многумина во клучните моменти.

“Првобитната идеа ми ја даде еден мој пријател, кој е градежен инжињер. Еден ден во неформален разговор со  него, тој ми спомна како ставањето презервативи би било многу полесно доколку има две дополнителни траки за навлекување на истите. Помислив дека идејата е генијална, и почнав да ја развивам“, изјавила Марија во интервјуто за „EFE“ шпанска новинска агенција.

Со оглед на леснотијата на користење, Марија верува дека идејата има потенцијал, бидејќи самиот момент на навлекување на презервативот ќе биде помалку досаден и фрустрирачки за некои луѓе.

Новите презервативи особено ќе бидат корисни за слепите луѓе. До сега во САД овие презервативи се продадени во преку еден милион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi