Жената може да доживее повеќемесечен оргазам?

26 јули, 20110
01 v212552p0

Додека во вистинскиот свет оргазмот кај жената трае само 10 секунди, во светот на Никол Деадон, инструкторка за секас, жената може да доживее повеќемесечен оргазам со посебни вежби кои и помагаат „постојано да биде возбудена низ сите животни полиња што ќе ја направи сензуална и јадра“.

Оргазам, према една анкета, имаат доживеано само 26% од жените во последниот однос. На истото прашање потврдно имаат одговорено 76% од мажите. Меѓутоа, инструкторката Никол вели дека не постои жена која во кој било момент неможе да доживее оргазам.

„За врвниот момент кај дамите многу е важна нејзината сензуалност“, кажува Никол и додава дека дефиницијата за оргазам е согледана на начин како што мажите го доживуваат врвниот момент, додека женскиот е сосема друга приказна.
„Оргазмот е способност на телото да прима и дава задоволство. Ако играта на секс меѓу мажот и жената ја погледнете од дистанца ќе приметите дека жените сакаат секс исто како и мажите, можеби и повеќе, но не на вообичаен начин.“

Никол во книгата „The Art And Craft Of The Female Orgasm“ наведува дека жената треба да размислува за своите чувства, а мажот за партнерката, пишува „Блиц Жена“.

„За да дојдеме до повеќемесечниот оргазам, за почеток треба двајцата партнери да медитираат секој ден по 45 минути. За време на медитацијата парот треба пријатно да се смести и облечен, полека да се допира, а просторијата да не е замрачена, туку осветлена. Додека жената се опушта и тоне во сопствените мисли, партнерот треба да и се повери што чувствува во тие моменти – што најмногу им паѓа тешко на најголемиот број на мажи бидејќи најчесто не сакаат да ги изразуваат емоциите со зборови.

Медитацијата не е предигра ниту секс и служи исклучиво за жената да го достигне и да остане на сензуалното ниво“,  кажува Никол и објаснува како поголемиот број на луѓе не се ни свесени дека лесниот допир може да ги распали емоциите и да предизвика возбудување.
Иако многу сметаат дека овој метод е итар, Никол го препорачува и гарантира напредување веќе да десетина дена

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *