Жените пушачи почесто добиваат рак од мажите

popara14 август, 20111min00
smoking in car

Жените кои пушат цигари е поверојатно да добијат рак отколку мажите со иста навика, покажува едно истражување.
Авторите на студијата предводена од Рејчел Хаксли од Универзитетот во Минесота спровеле ревизија на студии објавени во периодот од 1966 година до 2010 година година на вкупно 2,4 милиони луѓе, вклучувајќи и 44000 случаи на срцеви заболувања.

Жените кои пушат имаат и двапати поголем ризик од развивање на рак на белите дробови, и почесто се погодени од други видови агресивен рак отколку мажите.

Исто така, студијата покажала дека жените пушачи се изложени на 25 посто поголем ризик од срцеви заболувања отколку мажите, и разликата за жените се зголемува 2 проценти за секоја година што пушат.

Петтина од 1,1 милијарда пушачи во светот се жени. Резултатите на анализата објавена во медицинското списание Лансет, предупредува дека претставниците на понежниот пол во земјите во развој се соочуваат со поголем ризик од срцеви заболувања и смрт. Иако жените пушат помалку цигари дневно од мажите имаат значително поголем ризик од заболувања, а исто така се и поосетливи на пасивно пушење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma