Жозе Мурињо негира дека Реал Мадрид е во криза

popara24 септември, 20111min00
Atletico Madrid v Real Madrid - Copa del Rey

Мурињо негира дека неговиот клуб е во криза откако испушти 5 поени од последните два натпревари. Реал Мадрид загуби од Леванте во неделата со 1-0, и одигра само 0-0 со Расинг Сантандер во средата.

„Некои луѓе зборуваат за криза. Има луѓе кои имаат интерес да зборуваат дека постои криза и луѓе кои ги интересираат фактите. Факт е дека криза не постои, но факт е и дека одигравме слабо на претходните два натпревари. Tри лоши натпревари, но тоа е само една недела, а не три недели на криза. Ова не е криза, туку само негативна ситуација,” изјави Мурињо.

Мурињо, исто така, потврди дека португалецот Пепе ќе отсуствува на двата наредни натпревари, поради повредаta која ја здобил во натпреварот со Леванте.

„Секогаш е лесно да ги мотивирате играчите по неколку лоши резултати. Ако лесно се задоволувате, може да останете заглавен во таквата состојба, меѓутоа ако сте амбициозни, како што сме ние, тогаш почетна точка е пронаоѓањето на нова мотивација,” додал Мурињо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag