Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон има намера меѓу ‘ѓаволите’ да го доведе синот на легендата на европскиот и светскиот фудбал, Зинедин Зидан – Енцо,шпекулира денешното издание на британски “Мирор”.
16-годишниот Енцо е особено талентиран и стратезите му претскажуваат блескава иднина.
Освен Јунајтед, за услугите на синот на прославениот Фрнацузин, кој игра како полушпиц – слично како и татка си, заинтересиран е и италијански Јувентус.
Извор близок до фамилијата открил дека и самиот Зинедин Зидан посакува неговиот син да заигра на “Олд Трафорд”.
“Зизу посакува неговиот син да заигра за Јунајтед, бидејќи Алекс Фергусон им дава шанса на младите играчи.” – коментира информаторот за таблоидот “Мирор”.
Младиот фудбалер е сопственост на Реал Мадрид и игра за еден од резервните тима на “кралскиот клуб”.
Извор: Нетпрес