Ако е простувањето одговор на вашиот гнев, зашто тогаш да не го направите тоа? Затоа што простувањето е тешко! Друга причина е тоа што ние не знаеме тоа да го направиме на вистински начин. Тука е и стравот дека ако простиме некому, ќе му дозволиме повторно да не повреди, бидејќи со тоа му кажуваме дека дека тоа што го направил е сосема нормално.
Како да простите?
– Истражете го својот бес – Ќе ви доаѓаат мисли како, “го мразам” или “ме излудува”. Лутината е напад, но самиот извор на нападот не ни е јасен.. Многу е важно да го сфатите изворот на вашата лутина, бидејќи на тој начин ќе најдете решение кое ќе одговори на нашата ситуација. Затоа видете што може да направите за да ја промените ситуацијата.
– Односите во врската – Ние секогаш имаме правила како треба некој да се однесува. Ако не се однесува во согласност со нашите правила, тие се автоматски криви и ние сме нерасположени.
– Проверето го вашето сочуство – Замислете дека личноста на која и се љутите е бебе, можеби во вас ќе се јави сочуство или разбирање за целата ситуација и ќе сфатите што всушност се случило. Ова не значи дека по секоја цена треба да ја оправдате личноста на која сте љути, но може да добиете поинаков увид на целата ситуација.
– Пишувајте – Направете ги сите сугестиите кои ви ги даваме, како и вашите чувства, а потоа напишете ги одговорите на овие прашања: Како да простам? Што ќе постигнам ако заборавам? Што е добро во сето ова? Што научив? Дали мојот живот ќе биде подобар ако простам?