Роби Вилијамс повеќе не ја носи бурмата, бидејќи ја изгубил по една година од венчавката со Ајда Филд.
Иако тој го изгубил венчалниот прстен, не планира да купи нов. Наместо пртен тој сака да се истетовира, бидејќи тоа е единствениот начин да му остане на раката засекогаш.
Наместо венчален прстен, ќе направам уште една тетоважа, можеби тоа ќе биде буквата “А”. Прстенот го изгубив, но тетоважата неможам да ја изгубам, освен во сериозна несреќа – изјавил Роби.
Неодамна популарниот пејач доживеа друг вид на незгода. Поради силно труење од храна тој заврши во болница, поради што неговиот бенд Take That морааа да го откажат концертот во Копенхаген.