Научниците имаат нова теорија за “машко“, “женските“ бои: момчињата сакаат сина и зелена, а девојчињата црвена и розова, п оради традиционалните поделби на улоги, која има корени уште од праисторијата. Како последица на таа примарна поделба на улогите, женскиот мозок станал “наштелуван“ да ги регистрира прво црвените и розовите зрели плодови. Од друга страна пак, зелените полиња и бистрото сино небо, во древните времиња, ветувале добар лов, па затоа зелената и сината, по некоја логика станале “машки“ бои.
Оваа теза е поставена од страна на кинеските научници кои го спровеле истражувањето во кое биле вклучени 350 студенти. Испитаниците требале во рок од три минути да ја гледаат палетата на бои и да се одлучат и да рангираат кои им се омилени. Студентите решавале и различни тестови за личноста. Утврдено е дека на девојките омилени бои им се од палетата на розови и бели, а на момчињата сина и зелена, се наведува во студијата.