Зошто е подобро да се биде маж, а не жена???

popara18 ноември, 20111min00
mazi

Зошто е подобро да се биде припадник на посилниот пол??? Не сите причини се етички или морални, но се доволни за да докажат дека жените имаат за што да им завидуваат на мажите!

Нема ПМС: Нема промени во расположението, грчеви, болка, гадење, нервоза…Искрено, ако имате избор, дали би сакале неконтролирано да крварите седум дена секој месец?

Проблематична менопауза: За разлика од жените, мажите не претрпуваат огромни физички и психички промени за време на менопаузата.

Мажите не раѓаат: Оваа причина зборува сама по себе!

Паркираат во два потега: Научно е докажано дека мажите имаат поголема смисла за ориентација. Затоа, не е ни чудно што мажите паркираат во два потега, додека на жените им треба цела вечност!

Мажите се како виното: Како стареат, оние мажи кои се одржуваат стануваат уште попривлечни за жените. Од друга страна, кај понежниот пол стареењето е како клетва која може да се ублажи само со помош на пластична операција.

„Готови“ за 15 минути: Кога треба да се спремаат за излегување, мажите во просек трошат по 15 минути: туширање и облекување. Кај жените оваа процедура трае околу еден час.

Поголеми другари: Ако жената излезе со љубовникот и не се врати дома ноќта, мажот ќе се јави кај нејзините 10 најдобри пријателки. Сите тие ќе кажат дека не знаат каде е таа. Ако мажот излезе со љубовницата и не се врати дома ноќта, жената ќе се јави кај неговите 10 најдобри другари. Сите ќе потврдат дека вечерта тој ја поминал со нив, а 5 од 10 мажи ќе тврдат дека тој е сеуште со нив.

Нема депилација: депилацијата е едно од најболните козметички процедури, а жените ја „трпат“ минимум еднаш месечно. И тоа на најболните делови… За мажите е ОК да бидат влакнести како мајмуни, додека жената не смее да има влакна, макар биле и милиметарски кратки.

Нема двосмислени изјави: кога мажите кажуваат дека се во ред, тие го мислат тоа. Кога ќе и речат на жената таа да одлучи дали сака да оди некаде, тие го мислат тоа. За разлика од нив, кај жените секој збор е тест за верноста и преданоста на партнерот.

Удобни чевли: за разлика од жените кои одат на „направи за мачење“ високи 10, 12, па и 15 сантиметри, за мажите чевлите се рамни и удобни. Изгледа дека тие заслужуваат да уживаат!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag