Зошто на младите им е сеедно дали се хранат здраво

28 мај, 20110
news_4459

Премалку движење, премногу алкохол, лошата исхрана доведува до податокот дека се повеќе мажи имаат проблем со прекумерената тежина.
Добриот изглед на секој млад маж е важен, но квалитетот на исхраната не им е толку важна тема. Што значи дека поради изгледот страда здравјето. Експертите заклучија дека на младите мажи им фали самодоверба да можат свесно да се посветат на здравата исхрана.

Да се изгледа здраво и да се биде здрав за младиот човек има целосно различни вредности. Надворешениот изглед и мачо изгледот е обично поважно од сопственото здравје, тоа е заклучокот на експертите, кои неодамна се собрале на еден симпозиум во Виена, на тема : Проблемот на исхрана на посилниот пол.

Младите мажи покажуваат голем интерес кон спортот, но не и превентивното размислување во однос на исхраната, вели еден од истражувачите присутен во Виена.

Особено лоша исхрана имаат тие луѓе кои не се во добра финансиска состојба, но не затоа што тие немаат пари да купат храна, но поради тоа што тие немаат сознанија за квалитетот на состојките на секојдневното готвење и фактот дека тие помалку се грижат за сопственото здравје.

Според извештајот за исхрана во 2008 година, 17 отсто од младите мажи имаат прекумерна тежина, 13 проценти се дебели, со последици за здравјето. А омилен оброк на речиси сите мажи е месото, една третина од нив ретко или воопшто не консумираат свежо овошје, повеќе од половина од момчињата не јадат интегрални производи.

Без оглед на овие резултати, половина од дебелите момчиња се задоволни од својата тежина. Експертите сметаат дека индивидуална одговорност за здравјето и телото не се важна тема на младите мажи и не е толку застапена во нивниот друштвен живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi