Зoшто жените остануваат подолго во врска?!:)))

popara13 октомври, 20111min00
ljubov

Општо земено, жните кои на почетокот на врската користат контрацептивни таблети имаат долги врски – во просек долги по две години. Што точно им прави хормонална контрацепција?

Жените со силна сексуална желба би требало да се отарасат од контрацептивните таблети ако започнуваат сексуална врска. Истовремено, ако сакате да развиете подлабоки односи, а не страст, таблетите се добредојдени, препоразчува најновото истражување.

Научниците откриле дека жените кои користат контрацептивни средства имаат помала сексуална желба со својот партнер и чувствуваат помало сексуално задоволство.

Меѓутоа, тие се истовремено повеќе задоволни од не-сесуалните елементи во својата врска, како што е поддршката која и ја обезбедува партнерот.

Главниот истражувач Д-р Крег Робертс, од Универзитетот Стирлинг, вели: “Нашите резултати покажуваат дека постојат позитивни и негативни последици од користењето на контрацептивни средства. Жената може да биде помалку задоволна од сексуалниот аспект на врската, а повеќе од оние кои не се од сексуална природа”.

“Во принцип, жените кои во почетокот на врската користат контрацептивни пилули имаат долги врски –во просек долги две години”, додава тој.

Истражувањето е објавено во Proceedings of the Royal Society B, и се темели на проучување на 2.519 жени.

Неодамнешното истражување на д-р Робертс покажало дека контрацептивните таблети влијаат на промената во изборот на мажи врз основа на нивниот мирис. Без пилули, на жените им се попривлечни мажи чии феромони укажуваат на генетски диверзитет. Ова им овозможува на потомците различни гени и посилен имунолошки систем.Но, при употреба на таблетите ги привлекуваат мажи кои се генетски слични на нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag