„Четворицата“ кои сите ќе ги сретнеме во својот живот…

popara14 февруари, 20121min02
1

Животот, тоа е процесот на потрага и наоѓање на љубовта, а секој човек кога и да е ќе ги сретне во својот живот своите судени „четворица“…

Првиот, тоа си самиот ти. Вториот е оној што ќе го сакаш најмногу. Третиот е оној што ќе те сака најмногу. А четвртиот е оној со кој ќе го поминеш остатокот од својот живот.

Во животот прво ќе се сретнеш со оној што ќе го сакаш најмногу и ќе научиш што значи да си вљубен. И бидејќи веќе знаеш што значи љубовта, ќе можеш да го сретнеш оној што ќе те сака најмногу.

Откако си сакал и те сакале веќе ќе знаеш што ти е потребно. Тогаш ќе го најдеш човекот кој е вистинскиот за тебе и со кого ќе можеш да го поминеш остатокот од твојот живот.

Но за жал, во вистинскиот живот тие тројца не се еден ист човек.

Тој што го сакаш најмногу, тој не те сака.

Оној што те сака најмногу, не е оној што го сакаш.

А оној со кој ќе го поминеш остатокот од својот живот, не е ниту тој што си го сакал најмногу, ниту оној што те сакал најмногу.

Тоа е човекот, кој бил на вистинското место во вистинското време. Ти кој си во животот на другите луѓе?

Нема човек што може свесно да си ги менува чувствата. Кога те сака, тој навистина те сака. Но и кога веќе не те сака, тој навистина не те сака повеќе. Кога те сака може да се прави дека не те сака. Истото се случува и кога не те сака повеќе, може да се прави дека те сака, ама од жал!!! Таквата жал ќе е она што најмногу ќе те заболи!

Љубовта не е желбата да поседуваш. Ако ти се допаѓа месечината, можеш ли да ја задржиш за себе? Но нејзината светлина повторно ќе те грее. Со други зборови, кога сакаш некого е убаво да најдеш друг начин да го имаш. Дозволи му да се претвори во незаборавен спомен.

Која личност ја пронајде до сега? Во овој голем свет, кој од четворицата ги сретна? И кој тебе те најде?

2 comments

  • Angela

    9 јуни, 2012 at 06:57

    ima edna kniga ,,Petmina koi gi srekjavash vo rajot”
    mislam deka e neshto slichno so ova, ja imam chitano pred nekoi 6-7 godini

    Reply

  • pece

    14 февруари, 2012 at 20:58

    gi zapoznav 3cata .. taka da .. se nadevam nema da go zapoznaam i 4tiot bidejki ne e bas najubavo da se znae 🙂
    bravos za tekstov potpolno se e vistina
    koj iskusil na svoja koza znae !!!

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag