10 корисни совети ако се најдете во турска серија

12 јули, 20120
serija

За мажи:

  1. Ако планираш некому да му го убиеш целото семејство и да му го земеш имотот, обрни внимание и на малиот кој се крие во подрумот. Тој за 20 години ќе и се закачи на мајка ти и ќе ти земе се.
  2. Ако сте во средна возраст и имаш многу кеш, обиди се што помалку да клецкаш. Во случај ако баш мораш, пушти се на некој градинар, батлер или шофер. Слугинките немој, бидејќи големи се шансите барем 2-3 да се твои ќерки.
  3. Ако си богат, а не си главен лик, немој никако да се жениш. Жената ќе те земе за пари – батали ја одма!
  4. Ско си инвалид, ич да не ти чуе, вози си се наоколу. Ќе проодиш, особено ако си студирал архитектура, а твојот тогашен цимер сега е успешен доктор кој случајно специјализирал за хендикеп. Како да знаел…
  5. Иако си енормно богат, што почесто оди на пазар. И тоа не само кога е сезона, кога и да ти падне на памет. Големи се шансите да ја најдеш љубовта на својот живот.
  6. Ако имаш мајка која со своето слепило те уценува да не ја ожениш девојката која ја сакаш, отерај ја во п.м.  Се преправа 100%.
  7. Ако си дете, плачи секој ден и твојата ботоксирана баба ќе ти купува се што ќе посакаш.
  8. Немој да ги силуваш рибите наоколу. Ќе завршиш во затвор, а потоа тебе ќе те пецаат.
  9. Плачи понекогаш, тоа сигурно ќе ти донесе нешто.
  10. Немој да бидеш намќор, никој нема да те сака. А тоа во вакви серии е многу важно. Како во “Sve za ljubav” – ”Volite nekog i neka taj neko voli vas”.

За жени:

  1. Најважно – чувај ја невиноста за брак! Не давај никому! Тоа ќе ти ги отвори сите врати. Е сега, ако тој во серијата е многу згоден, тогаш незнам што да кажам. Нему ќе му дадеш дур да се свртиш. Тој не прашува, тој работи.
  2. Најди дебела другарка. Ако најдеш некоја која е добра риба, таа ќе се дружи со тебе само за да ти го лапне дечкото. Калаштура една!
  3. Не верувај на најдобриот другар. Тој редовно се “празни” замислувајќи те тебе, а ваму зборува дека е геј.
  4. Ако си лоша, немој џабе да се заљубуваш во главниот лик и тоа обидувајќи се да го освоиш. Ќе го “земеш” во секој случај, ама не онака како што ти би сакала.
  5. Најди некоја палата и тука вработи се. Најпрво бабата ќе те замара, а потоа ќе откриеш дека газдата е твој одамна изгубен татко. Тука малку плачи и вози го…демек не ги сакаш парите…Портоа земи му се, и така него не му треба доста клецкал наоколу.
  6. Ако си баба, ќе умреш.
  7. Кога ќе украдеш некои големи пари, немој да бегаш со авион, бидејќи ќе се сруши. Всушност немој да бегаш воопшто, ќе те фатат што и да направиш.
  8. Кога и да се сомневаш во нешто, прашај ја Девицата од Гвадалупе. Попрецизна е од Милан од Тарот.
  9. Ако некој ти оставил дете на прагот, обавезно одгледај го и биди блиска со него. Ќе лапнеш пари 100%
  10. Ако заглавиш во затвор, само кулирај. Невина си. Правдата е бавна, ама достапна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi