Држењето диета сигурно не е пријатно, но често диетите не даваат резултати…
Доколку присвоите три од овие совети, едноставно ги интегрирате во секојдневниот режим работите ќе се одвиваат многу полесно. Со овие совети ќе почувствувате дека губите килограми и ќе „пукате“ од здравје.
- Грицкајте, но паметно – ужинките и грицкањето меѓу оброци може да биде добро. Затоа изберете некое сирење, бадеми, ораси или соја.
- Исклучете го телевизорот – оброкот и телевизијата не одат заедно тоа запаметете го. Јадењето нека ви биде ритуал во кое нема да правите ништо друго освен да седите 20 минути на маса да јадете и уживате во храната.
- Секој ден застанувајте на вагата – ако мислите дека тежината ви се зголемува не очајувајте и не применувајте веднаш диети, туку почнете да вежбате.
- Вежбање три пати неделно – ова е најдоброто нешто што треба да го направите за своето здравје, три пати неделно по еден час физичка активност е доволно да ја задржите формата и бидете здрави.
- Јадете обилен, но балансиран појадок – јаглехидарти, протеини и малку масти е идеално нешто за појадок.
- Внимателно со пијалоците – можеби делуваат само како течност но сепак тие може да ви донесат стотици калории. Затоа вода и пијалоци со малку калории се најдобри за вас и вашето здравје.
- Мобилна поддршка – доколку ви е пријаде веднаш јавете се кај најдобрата пријателка разговарајте повеќе од 5 минути. Истражувањата покажале дека жебата за храна трае само околу 5 минути.
- Јадете овошје – ова е најдобрата ужина па затоа нека ви стане навика меѓу оброците да внесувате неколку различни овошки.
- Спијте што подолго – ако сте доволно одморени тоа ќе ви помогне да изберете здрава храна, отколку кога сте уморни и под стрес и секогаш посегнувате по нездравите грицки како на пример чипс.
- Визуелизирајте се со вашата идеална тежина – сетете се на моментите кога најдобро сте се чувствувале и како најдобро сте изгледале. Визуелната меморија ќе ви помогне да се фокусирате на целта и полесно да ги намалите килограмите.