10 закони на пријателство кои морате да ги знаете

16 септември, 20120
friend

Пријателството е навистина нешто за што вреди да се борите. Тешко е да си го замислите животот без пријатели, а мудрата поговорка вели дека пријателството е како кревко растение кое треба да се  негува.

Новото склопено и долгогодишното пријателство бара одредена форма  на однесување за долго да се зачува во животот, затоа е важно во пракса да се применуваат барем некои од овие 10 закони на пријателство за конечниот резултат да биде успешен. Не е лесно да бидеш добар приател, но секој со малку труд може да ги подобри своите пријателски вештини. А еве и како!

Десет закони на пријателство:

1.Одбери личност со која делиш исти или слични интереси, но важно е да не ги осудуваш своите нови пријатели, ако не е таква ситуацијата. Важно е да останете отворени кон секого и да не бидете склони на осудување.

2.Постои златно и на сите познато правило кое гласи: однесувајте се со луѓето околу вас на оној начин на кој би сакале и тие да се однесуваат со вас. Ако ги почитувате другите, и тие ќе ве почитуваат вас.

3.Важно е на време да сфатите дека никој не е совршен и секој има недостатоци Прифаќање на лицето со сите негови мани и доблести е вистинскиот пат до квалитетно пријателство.

4.Секој има право на свое мислење, тоа мора да го почитувате.

5.Потребно е на време да сфатите дека ни вашиот најдобар пријател не може да биде до вас постојано. Развивајте и некои свои интереси кои не го вклучуваат вашиот пријател и немојте да дозволите да бидете љубоморни кога ќе сфатите дека вашиот пријател освен вас има и други интереси во животот.

6.Добрата комуникација е клуч на сè. Пријателот неможе да ви ги чита мислите. Ако нешто ве мачи, а тоа е тесно поврзано со вашиот пријател, дадете му го тоа до знаење.

7.Не дозволувајте некои надворешни фактори како стресот да ви го нарушат пријатеството. Добриот пријател секогаш ќе ве сослуша и можеби ќе ви предложи некој добар совет, не не заборавајте дека, исто така, кога вашиот пријател ќе се најде во истата ситуација, истото се очекува и од вас.

8.Учете еден од друг.

9.Не ги озборувајте пријателите и не ширете информации за него позади грб.

10.Зборовите избирајте ги мудро, затоа што никогаш нема да имаш прилика да ги повлечеш откако ќе ги изговориш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi