Дали ова се најчудните прчини поради кои немате секс?

14 мај, 20120
Couple reading newspaper and book

Ретко што може мажите толку да ги одбие за да заборават дури и на секс.Иако не  ги приметуваат недостатоците на женското тело за кои ние самите толку се измачуваме,постојат некои работи кои жените ги прават потполно несвесно, а го топат машкото либидо до крајни граници.

1.Спиење во чорапи.

Спиењето со чорапи може да збучи потполно невино,но чорапите во кревет многу брзо може да доведат до носење стари и искинати маици, кои иако удобни навистина не изгледаат привлечно.

Можеби ќе ви биде тешко да се одречете од  удобните пижами и дебелите чорапи но запамтете-голите нозе многу лесно  ќе ве доведат до тоа да го разголите и остатокот од телото и повторно да ја вратите страста во спалната соба.

2.Часовите поминати пред огледало

Секако дека во посебни пригоди и излегувања со својот партнер сакате убаво да изгледате, потребно е дотерување.Но можеви сепак треба да размислите да го скратите времето кое го поминувате во купатило и пред огледало.Колку подолго се спремате толку повеќе жал ќе ви биде да го расипете својот изглед, а страста во врската и тоа како ќе пати.Следниот пат кога ќе почнете да планирате да поминете часови дотерувајќи се, имајте на ум-што побрзо се спремите толку повеќе време ќе имате кое може да го поминете и тоа како покавалитетно.

3.Саканото домашно  милениче

Тој може да го разбере тоа дека вие едноставно го обожавате вашето домашно милениче, но во еден момент морате да подвлечете граница.Галењето и гушкањето на вашето милениче веднаш штом ќе влезете дома, а вашиот партнер не сте го ни поздравиле не е во ред.Доколку сакате да има искри во вашиот брак или врска, бакнежите сепак сочувајте ги за него.

4.Го третирате како најдобра пријателка

Кога вашиот партнер ќе го одвлечкате на заеднички педикир, го натерате со вас да гледа избор за мис на свет и после тоа предложите заедно да ставите пилинг и маска на лице,вашата врска и тоа како може да пати.Ако вашиот партнер го третирате како една од вашите пријателки тоа ќе ја убие секуалната привлечност меѓу вас.Затоа разубавувањето,гледањето избор за мис,роматични комедии и серии едноставно резервирајте ги за времето кое го поминувате со вашите пријателки,а него одвлечето го во кревет и фрлете се на она во што неизмерно уживате.

5.Лаптоп и мибилни во спалната соба

Ова почнува сосема невино-не сте расположени во тој момент,посегнувате по лаптопот и после саат време сваќате дека сурфате или се допишувате на фејсбук а вашиот партнер веќе оддамна спие.И тогаш сваќате дека наместо да поминете време со него,го потрошивте на гледање слики на бившиот дечко на другарка на вашата сестра.Поради тоа заклучокот е многу лесен-забранете влез на лаптоп и мобилен во вашата спална

6.Го чекате правото време за секс

Одолговлекувањето едноставно  не е секси.Кога се работи за уживање и страст тој едноставно не се замара со тоа дали ја имате измиено косата или дали ви одговара долниот веш.Жените понекогаш го одлагаат сексот бидејќи размислуваат на тоа дека не им се издепилирани нозете или дека станот е во неред.Но факт е дека ако го чекат правото време за секс никогаш нема да го дочекате.

7.Смеење и кикотење за време на секс

МАжите обожаваат кога ја смеат жената со своите шали но мразат смеење под покривач.Иако можеби не е потполно спремен за секс или е неспретен во новата поза која ја испробувате во тие моменти смеењето и кикотењето не е баш потребно затоа што концентарцијата а и желбата можат драстично да опаднат а несигурноста да порасне.

8.Плишани играчки

Можеби ги обожавате вашите плишани играчки и сте цврсто поврзани со нив,но вашиот партнер сигурно не сака да го дели креветот со мечиња,слончиња и зајачиња.Спалната соба треба да биде засолниште за две работи-сон и секс.Плишаните играчки ставете ги некаде на страна,каде нема да се приметуват бидејќи ве потсетуваат на детството,драгите луѓе и убави моменти и тешко дека ќе ве инспирираат за секс

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi