Од просјаче до шаховска ѕвезда

18 декември, 20120
fiona

Тинејџерката Фиона Мутези пораснала во сиромашен кварт во Кампала, главниот град на Уганда. Не знаела да чита и да пишува, а како дете секојдневно просела за да се прехрани себеси, нејзината мајка и брат. Благодарение на случајна средба со шаховски тренер, таа станала шаховска ѕвезда во подем, хероина на една книга и протагонистка во филм на Дизни.

Девојчето, за кое не се знае точно дали има 15 или 16 години, останало без татко и имало многу тешко детство. Таа постојано гладувала и спиела на улица. Се се променило кога еднаш со братот отишла во едно училиште за шах што го организирал Роберт Катенде. А сето тоа само поради чинија топла чорба која Катенде ја ветил за секој оној кој ќе учествува во училиштето.

“Шахот ве учи како да ја процените ситуацијата, како да донесете некоја одлука, паметно да размислувате, да бидете трпеливи, да ги решавате проблемите и во предизвиците да препознаете шанса, а не причина да се откажете. Дисциплина, трпение… Се што ви е потребно во животот, ќе го најдете во оваа игра“, рекол Катенде за CNN.

Фирона Мутези го засакала шахот и почнала редовно да игра. Секој ден минувала 6, 5 километри за да тренира шах и да добие чинија чорба. На крајот таа станала шампион на Уганда во шах и денеска ја претставува својата земја на меѓународните турнири.

Во 2009 година таа била во Судан, а во 2010 заминала за Сибир. Кога авионот полета “помислив дека сум во рајот“, напишала во писмото на својата мајка.

“Го молев Бог да ме чува, бидејќи која сум јас за да летам со авион“, рекла таа.

Оваа година учествувала на натпревар во Истанбул. Можеби не е дел од најдобрите шахисти на светот, но таа сепак е прва жена натпреварувач од Уганда.

“Шахот ми даде надеж, сега верувам дека можам да станам доктор и велемајстор“, рекла Фиона.

Наскоро се планира и снимање на филм за нејзиниот живот, откако компанијата Дизни ги откупи правата за филм според книгата.

http://www.youtube.com/watch?v=qTUlzXTJvxs&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *