5 начини да го опуштите дечкото!

24 март, 20120
dorucak u krevetu

Кога вашиот дечко е под стрес со неколку едноставни совети научете како да го опуштите, а со самото тоа подигнете ја блискоста на повисоко ниво…

Сервирајте му чинија полна со чипс

Експертите наведуваат дека грицкањето чипс помага во намалувањето на стресот. Тоа затоа што визичкиот напор кој се вложува во грицкањето ја намалува тензијата во неговото тело. Уште подобро, наполнете ја чинијата со грицки и однесете му ја во кревет. Пред се ќе го изненади вашиот гест, а потоа лежете грицкајте во забавната тв програма заедно.

Доближете му се, но не го допирајте

Кога мажите се нервозни тиа обично бараат малку простор. Со тоа ако инсистирате да му се доближите тоа ќе го изнервира уште повеќе. Сепак, истражувањата покажуваат дека ако се наоѓате на три чекори од него, неговото тело почнува да произведува окситоцин (љубовен хормон кој го опушта) во голема количина. Ако лежите на кревет доволно е да ви се допираат нозете, секако без прегратки или доближете му се толку за да ја осетите топлината на неговото тело.

Предизвикајте го на играње

Сетете се на игрите за кои е потребна физичко и ментално внимание. Ваквите игри имаат поента да му го привлечат вниманието толку што нема да може да се сети зошто бил под стрес. Плус, кога натпреварувачкиот дух ќе проработи и почне да поти неговото тело ќе ослободи допамин, серотонин и тон други хормони на среќа.

Направете му овошен коктел

Кога ќе се врати нервозен од работа секако дека не сте во состојба создадете плажа на кое веднаш ќе се одморите и ќе заборавите на сите проблеми. Меѓутоа можете да направите опуштена атмосфера со тоа што ќе му сервирате тропски пијалок (пробајте со  Blue Hawaii) кој ќе го потсетува на плажа и море. Секако овој пијалок никогаш нема да го пие во машко друштво, но кога сте сами мажите обожаваат вакви коктели исто како и вие.

Пуштете смешни снимки

Научниците докажале дека смеењето влијае на подобро расположение. Најдете на YouTube некој смешен клип кој неодамна сте го гледале и погледнете го заедно. Обавезно смеете се со него, бидејќи вашата насмевка ќе му помогне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi