Samsung примил 9 милиони нарачки во претпродажбата за својот нов Galaxy S III, пренесува Ројтерс.
Порачките стигнале од преку 100 оператори ширум светот.
Samsung Galaxy S III ќе биде можно да се набави во 145 земји ширум светот, а во Европа ќе биде достапен од 29. мај, додека Американците ќе чекаат до јуни да дојдат до својот примерок.
Се работи за телефон со 4,8 инчен Super AMOLED екран, камера со резолуција од 8 мегапиксели, предна камера од 1,9 мегапиксели, и четиријадрен процесор на 1,4 гигахерци.
Работи на најновата верзија на Android, и иако моментално има само подршка за HSP+, најверојатно LTE верзијата ќе биде достапна од лето.