Адам Ланза ја убил својата мајка, бидејќи планирала да го однесе во психијатарска установа

popara19 декември, 20121min00
adam-lanza-photo

Адам Ланза, кој минатиот петок уби 20 деца и шестмина возрасни во основно училиште во Конектикат, САД, на овој чин можеби бил предизвикан од информацијата дека неговата мајка планира да го однесе во психијатарска установа, пренесуваат странските медиуми.

Ненси Ланза беше првата жртва на својот син, кој потоа застрела 20 деца и шестмина возрасни, вклучувајќи го и директорот на училиштето.

Се претпоставува дека Адам дознал дека неговата мајка почнала да пополнува документи потребни за испраќање на принудно лекување, па тоа веројатно го многу го налутило и предизвикало нервна криза кај момчето.

Адам Ланза имал синдром „Аспергер“, една од формите на аутизам. Го опишуваат како многу умен, но срамежлив и затворен адолесцент кој поминувал многу време во подрумот на својот дом, играјќи на видео игри со пукање.

Мајката била љубител на оружјето, често го водела синот на стрелиште, а дома имала цел арсенал оружје, велат нејзини познати. Се верува дека дваесетгодишниот Ланза, ја убил својата мајка бидејќи верувал дека таа го сака училиштетот повеќе од него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag