Пејачката Адел ќе мора да плати казна од 1.000 долари бидејќи сеуште не го регистрирала своето бебе. Рокот бил 42 дена, а таа се породи пред 52 дена.
Службениците од заводот за регистрирање на новородени бебиња потврдиле дека Адел, ниту пак нејзиниот вереник, не се јавиле да закажат регистрација на нивниот новороден син.
„Тешко дека полицајците ќе чукнат на нивната врата утре. Повеќето родители ги регистрираат своите деца недела дена после раѓањето бидејќи тоа е убава работа, а и затоа што во спротивно би морале да платат казна од 1.000 долари“ – истакнува веродостоен извор.
Меѓутоа, парот ќе почне да добива писма за предупредување за неколку недели, и можеби тоа ќе ги потсети на моментално најголемата обврска спрема своето бебе.