Адел одлично возврати на ударот!

popara9 февруари, 20121min00
adele_karl_lagerfeld

Само еден ден откако веста дека Карл Лагерфилд ја нарече Адел дебела, се појави во медиумите, пејачката одлучи да возврати на ударот. Карл на ова одговори со извинување.

За време на едно интервју на Карл Лагерфилд (78) го запрашале што мисли за Адел, тој неможел да се воздржи, а да не каже навредлива забелешка: “ Ова е време на Адел. Малку е предебела, но има убаво лице и боженствен глас”.

Оваој коментар многумина го осудија, а пејачката му возвратила наредниот ден: “Никогаш не сум сакала да изгледам како манекенките на насловните страни. Јас ги претставувам големиот дел од жените и горда сум на тоа”.

Адел не е оптоварена со своите килограми ниту се обидува да ослабне, во една прилика изјавила дека ужива да биде тоа што е. “ Никогаш тоа не ми претставувало проблем, секако дека имам несигурности, но не се дружам со оние луѓе кои мојата несигурност ми ја набиваат на нос”, додава Адел.

После се, дизајнерот на Шанел и се извинил на пејачката објаснувајќи  дека неговите зборови се извлечени од контекстот и дека тој знае како е да бидеш под притисок поради изгледот: “Адел е мојата омилена пејачка и едвај го чекам нејзиниот нов албум. Изгубив 30 килограми изминатите 10 години и знам како е да бидеш под притисок, знам колку медиумите знаат да бидат непријатни кон некого поради неговиот изглед”, изјавил Карл.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag