Adobe го претстави Photoshop Touch за iPad

popara28 февруари, 20121min00
0757007.42

Adobe Photoshop Express е бесплатна и многу корисна апликација за iOS која овозможува брза обработка на дигитални фотографии, меѓутоа не е така добра како верзијата на Photoshop за персонални компјутери.

Минатата година Adobe го претстави решението Photoshop Touch, но одлучи прво да го понуди на пазарот на Android таблети. Како што вети, Adobe, конечно својот моќен графички алат одлучи да го направи достапен и на iPad од Apple. Својата нова апликација ќе ја претстави денес на конгресот Mobile World, која се одржува во Барселона, открива Mashable.

За сопствениците на iPad 2 цената на апликациите ќе биде 9,99 долари. За жал, засега сеуште нема подршка за iPad 1.

Така на iPad 2 ќе можете да уредувате фотографии, да ги користите лејерите на таа „софистицирана” aлакта за одбирање на поединечните делови на сликите.

Новата апликација е дел од пакетот на апликации на Adobe, iPad “Touch”. Во пакетот Adobe Creative Suite исто така ќе се најде Adobe Collage; презентациониот софтвер Adobe Debut; Adobe Ideas, кој ќе биде сличен на илустраторот, односно векторскиот софтвер за цртање; Adobe Kuler, менаџер за управување на бои; како и Adobe Proto. Adobe објави дека овие апликации за iOS на пазарот ќе се понудат на крајот на оваа година, и дека ќе работи заедно со услугите на Adobe, наречени Creative Cloud.

„Photoshop Touch ги спојува магијата на Photoshop и неговите основи карактеристики со практичноста на таблетот, давајќи можност за уредување на слики на милиони луѓе”, изјаци Дејвид Вадвани, потпретседателот на деловната единица Adobe Digital Media.

Adobe Photoshop Touch бара оперативен состав iOS 5, а во App Store е достапен од вчера. Како што пишува на блогот 9 to 5 Mac, повикувајќи се коментарите на некои читатели, iPad 2 верзијата „ќе работи подобро отколку Android верзијата”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag