
Супер моделот на модната куќа “Victoria’s Secret”, Алесандра Амбросио на facebook објавила фотографија во бикини на одмор во Бразил, на која се гледа нејзиниот стомак.
Ова е втор пат атрактивната манекенка да се слика на плажа откако е трудна, само што овој пат, наместо ќерка и Луси, за стомак ја држат нејзните пријателки.
Алесандра во последните неколку недели со рпијателите и семејството е во родниот град Флорианополис во Бразил.
Манекенката која очекува дете со вереникот Џејми Мазур, во ноември, на ревијата на “Victoria’s Secret” беше веќе во вториот месец од бременоста, што до тогаш успеала да го сокрие од сите.
-Беше голема ревија, па не сакам никому да кажам, и реков само дека сум се поправила, вели Алесандра.
Убавата манекенка тогаш морала да држи строга диета, а и доделиле и приватен тренер со кого вежбала. Сепак, настапи на ревијата во долна облека украсена со 105.000 Сваровски кристали.