Американка чувала 75 мртви мачки во замрзнувачот

popara16 декември, 20121min00

Во еден стан во Америка преполн со отпад, непотребни работи и животински измет, Тери чува 75 мртви мачки во замрзнувачот. Како што изјавила, таа немала срце да се одвои од нив дури и по нивната смрт.

Мртвите животни стоеле во замрзнувачот заедно со храната, а исто така телевизиската екипа пронашла тела на останати починати животни во тоалетот во пластични ќеси.

Таа додала дека со години се грижела и вдомувала напуштени мачки кои ги наоѓала на улица. Со оглед на тоа дека не можела да им овозможи пристоен живот и храна, тие умирале.

„Кога првата мачка ми почина, ја ставив во замрзнувачот со намера да ја кремирам. По тоа ми починаа уште три и немав пари за кремирање“, вели таа раскажувајќи дека набрзо од три, бројот се зголемил на 75.

„Знам дека треба да се закопаат мртвите, но едноставно не можев да се одвојам од нив, си ги сакам мачките“, вели Тери.

Таа себе се опишува како љубител на животните, и за неа секој губиток е еднаков на кршење на нејзиното срце и чувствува вина пред нив како да ги изневерила.

По шест месечна терапија и советувања со психолозите, успеале да ја убедат да ја исчисти куќата и да се ослободи од животните. Таа пати од одредено пореметување со кое не може да се помири со губитокот на животните.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=lf5dffoXTIo

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag