Една американка од Ајова, родила син тежок 6 килограми, без никаква хируршка интервенција.
Бебето Asher Stewardson бил роден во четвртокот во болницата Des Moines, а неговата висина изнесувала 60 сантиметри.
Ова не е прв пат оваа жена да роди толку големо бебе, бидејќи пред 15 месеци таа го родила и синот Judah, кој тежел 5,5 килограми.
Мајката Kendall Stewardson издржала породување кое траело 6 часа.