Веќе се знае дека наследникот на Ice Cream Sandwich, верзија на Android, ќе се појави оваа година и ќе биде оптимизиран за таблет компјутери.
Тоа што исто така се знае дека неговото име најверојатно ќе биде Jelly Bean, а сега го знаеме и името на наредната верзија.
Како што изворот изјавил за Verge, следејќи ја досегашната логика на именувањето на верзиите, верзиите се именувани според десерти по азбучен ред, следниот Android би можел да се вика Key Lime Pie.
Тој би можел да биде преставен во 2013 година, а не е сеуште сигурно дали бројчаниот знак ќе биде 6.0.
Инаку, откако верзијата 4.0, ICS, Google ја обедини со смарт телефоните и таблетите, Jelly Bean пак, кој би требало да се појави оваа година, ќе биде оптимизиран за таблет компјутерите.