Android нуди 400.000 апликации

popara8 јануари, 20121min00
20366893044f0591e679a32426149928_orig

Поминаа само 8 дена од новата 2012, а тимот на Android веќе има причина за славје.

На почетокот на декември Google прослави 10 милијарди превземања на Android апликации, а сега, според проценките на аналитичарите за мобилни апликации од Distim, на Android Market се наоѓаат околу 400.000 апликации.

Процентот на бесплатни апликации изнесува 68% (8% повеќе од пред 8 месеци), но иако вупниот број на апликации порасна, просечниот број на апликации кои ги изработиле програмери се намали.

Постојат околу 100.000 регистрирани програмери на кои Android им нуди богати содржини, но овие денови тие произведуваат во просек 4,1 апликации, во однос на 5-те апликации по личност, колку што ги имаше минатата година.

Android се развива со многу поголема брзина од App Store на Apple – на Android му требаа само 4 месеци да „скокне” од 300.000 на 400.000, додека на Apple му требаа седум месеци.

Но, овој забрзан раст може да им се „одбие од глава” на крајните корисници – еднаш кога некој програмер ќе се регистрира, на него му е дозволено да објавува апликации директно на Market-от, a Google дури подоцна ги отстранува оние кои се сомнителни, односно оние кои не се во согласност со правилата.

И, како што и секогаш се случува кај бројот на апликациите, се јавува прашањето за квалитет и квантитет. Но, тоа е благослов (и проклетството) на политиката на Android. Кога секој може да објави апликација без ни малку надзор, многу програмери ќе пуштат некои феноменални апликации, но повеќето од нив се разбира дека ќе бидат под просекот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag