Штотуку верената холивудска актерка Анџелина Џоли покажала дека може неодоливо да потсетува на познатата италијанска актерка Софија Лорен.
Преубавата вереница на Бред Пит на фотографијата снимена веднаш по објавувањето на веридбата изгледа малку постаро отколку што е (36).
Фотографијата е снимена за потребите на дизајнерот за накит Роберт Прокоп. Убавата Анџелина се фотографирала за оваа прилика со прекрасн дијамантски ѓердан, а настојувала да биде слична на италијанската актерка.
Роберт, всушност со помош на Бред Пит го дизајнирал вереничкиот фустан за Анџелина, а двојката ја објавила веридбата по седум години поминати заедно.