Ефикасно справување со стресот со помош на сауна

17 април, 20120
z

Пред се сауната треба да се смета како пријатна и забавна процедура. Таа е создадена за релаксација и целосно опуштање на духот и телото. Со други зборови ова е прекрасен начин да се справиме со секојдневниот стрес и да го започнеме денот со насмевка на лицето. Освен тоа сауната има докажани полезни ефекти за нашето здравје.

За време на сесија од 10-20 минути срцевата активност се зголемува со 50 %, со што се забрзува и метаболната активност, исто како при физичка активност. Сауната го регулира крвниот притисок и ја подобрува циркулацијата.

Сауната предизвикува силно потење што претставува темелно прочистување на кожата и потните жлезди од сите насобрани токсини. Исто така порите се максимално отворени и се чистат од сите нечистотии во нив.

Сауната во комбинација со масажа е идеален начин за ефикасно справување со целулитот.

Освен тоа сауната помага и при лечење на респираторни проблеми како: бронхит, ларингит, синузит, ги опушта напрегнатите мускули, го зајакнува имунитетот и уште многу други полезни својства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi