Познатата холивудска актерка и новопечена режисерка Анџелина Џоли пристигна во Сараево поради премиерата на филмот “Во земјата на крв и мед”, кој вечерва ќе биде прикажан во 19:45 во Олимписката сала Зетра.
Иако доаѓањето на филмската екипа на Анџелина беше чувано во тајност, голем број на новинарски екипи ја дочекаа познатата актерка на аеродромот во Сараево.
Погледнете ги ексклузивните фотографии од пристигнувањето на познатата холивудска двојка.
Анџелина со екипата заминала во Хотелот Европа каде во попладневните часови ќе биде одржана прес-конференција.
Познатата актерка по проекцијата на филмот ќе преноќи во Сараево.