Познато е дека двете најважни жени во животот на Бред Пит не се во добри односи подолго време, но како што пренесуваат медиумите во САД, Анџелина Џоли и Џејн Пит повторно се испокарале за тоа каде семејството ќе ги помине божиќните празници.
Наводно, Анџелина веќе одамна одредила каде таа со Бред и со децата ќе одат за божиќните празници, па затоа не сакала да ја прифати поканата на родителите на Бред за Божиќ заедно да бидат во Мисури. Џејн Пит сметала дека тоа е навредливо за целата фамилија.
Познато е дека снаата и свекрвата не се сложуваат најдобро, а тоа е поради политичкото определување на двете дами.