Десетте правила на професионалната шминка

24 ноември, 20120
sminka

–    Не нанесувајте пудра на лицето без предходно да сте ставиле кремa

Ако кожата е мрсна пудрата проникнува во порите и ги прави поочигледни, а на сувата кожа дирекно нанесенета пудра без крем не се задржува правилно и рамномерно.

–  Не користите јака шминка

Јаката шминка ги потенцира ситните брчки и уморниот изглед. Нашиот совет е да нанесете малку пудра во најблиска нијанса на вашиот тен, фиксирајте ја со влажно сунѓерче и на крај нанесете камена пудра со четка.

–  Не ја нанесувајте пудрата само до брадата

Така само ќе добиете статична маска на лицето. Навлажнете сунѓерче со пудра, нанесете на вратот од горе па надолу и натиснете со меко хартиено марамче да се упие и фиксира.

–   Не поставувајте линија со молив од внатрешната страна по должината на клепачите со цел очите да изгледаат поголеми.

Напротив, тоа ги намалува и им го одзема сјајот. За длабочина на погледот нанесете пунктирана линија до коренот на трепките на горниот и долниот очен капак, од средината до надворешниот агол.

–   Не се аплицира кремообразен руж врз пудрата на лицето

Кога веќе сте ставиле пудра на лицето, во никој случај не ставајте крем руж, бидејќи се ќе се размачка и ќе изгледа како голема флека  на образите. Во предвид доаѓа само сув руж.

–   Не ги оцртувајте усните со потемен молив од карминот

Темната линија на усните му придава театарски комичен израз на лицето, демоде е и воопшто не изгледа добро.

–   Не ставајте темни сенки по должината на горниот капак

Овие сенки даваат уморен изглед ( со исклучок на професионалните фотографии кои се максимално обработени со фотошоп и работени од страна на професионални шминкери )

Изборот нека ви бидат бежови или светло розови сенки.

–  Не треба да ги избирате шминките според бојата на очите

Ова е најдобриот начин да НЕ ја истакнете бојата на очите. Затоа изберете контрастни бои, за сини очи темнокафеаво, за зелени очи, розови нијанси, за кафеавите и црни очи препорачуваме сите нијанси на виолетово.

–  Не ставајте сенки во зелена боја кога очите ви се уморни

Со нијансите на зелената боја признаците на умор само се засилуваат. Изберете сенки во нежни и пастелни бои. За да ви изгледаат очите поголеми, поставете туш по должината на горниот капак, а долниот исцртајте го со сребрено моливче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *