Анџелина на Бред му спреми пакетче на кое пишува дека е сопственик на водопади! Скромно нели?!:)))

3 јануари, 20120
Brad_Pitt_Angelina_Jolie

Замислете под елката да ве чека пакетче во кое има хартија на која пишува дека сте сопственик на место со водопад во близина на Лос Анџелес! Да, тоа е пакетчето што Бред Пит го добил и веројатно и тој врескал од среќа…

Најславниот холивудски пар, кој минатата година таблоидите се обидоа да го скараат, Анџели Џоли и Бред Пит, не престануваат да си ги исполнуваат желбите еден на друг. Откако го средија заедничкиот луксузен имот во Франција, двојката планира на новиот имот на Бред, одма над водопадите да изгради куќа.

“Тој беше пресреќен кога виде што доби, бидејќи го обожува звукот на водопади и не знаел дека токму тоа е подарокот од Анџелина. Одма рече дека тука ќе изгради куќа во стилот на својот омилен архитект Френк Лојд Рајт “, изјавил близок извор.

И Бред и Анџелина претходно изјавуваа дека ќе настојуваат на ги намалат бројот на улогите с цел повеќе да се посветат на семејниот живот и хуманитарната работа и дека сеуште не пронашле идеално место кое ќе го нарекуваат дом. Можеби тоа сега ќе биде куќата над водопадите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi