Ангела Меркел заработува ‘само’ 17.000 евра месечно

popara4 ноември, 20121min00
merkel

Лидерот на опозициските социјал демократи во Германија (СПД), Зигмар Габриел, оцени дека канцеларката Ангела Меркел не заработува доволно, бидејќи нејзината бруто плата како претседател на Владата е 17.000 евра месечно.

„Не мислам дека е нормално германската канцеларка да заработува помалку од еден директор на просечна штедилница“,  рече Габриел за неделниот весник “Франкфуртер алгемајне цајтунг”.

Канцеларката и министрите во мај го одобрија првото зголемување на нивните плати по дванаесет години. Платите на канцеларот, министрите и државните секретари треба да се зголемат за 5,7 насто на три рати до август 2013. година.

Ангела Меркел, која е на должност од средината на 2005 година,  би требало до половината од 2013. година да добива по околу 17.016 евра бруто месечно.

Но, бидејќи таа е и пратеник, ќе добива вкупно 23.000 евра бруто месечно, пишува весникот.

Социјал Демократскиот кандидат за канцелар на изборите во 2013, Пер Стајнбрик неодамна призна дека држел платени предавања што предизвика критики во Германија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag