Анкета: Фудбал или секс?!

24 април, 20120
ze32

На мажите наводно следењето фудбалски натпревар им е исто толку возбудливо како и сексот… што вие мислите за тоа?

Група шпански и холандски истражувачи откриле зошто мажите ширум светот толку многу сакаат да гледаат како две екипи играчи трчаат по топката на фудбалските терени.

Во студијата објавена во магазинот PloS One, научниците од Универзитетот во Валенсија и Амстердам истакнале дека за мажите следењето фудбалски натпревари е исто толку возбудливо колку и сексот.

Врз основа на тест кој го спровеле на група од 50 навивачи кои гледале натпревар меѓу репрезентациите на Шпанија и Холандија од светското првенство во 2010 година, тие заклучиле дека нивото на тестостерон било високо додека траел натпреварот, без оглед дали екипата за која навивале победувала или губела.

Виоското ниво на тестостерон укажува на задоволството кое може да се мери со ефектите од сексот, изјавил главниот истражувач во оваа студија Лендер Ван Дер Меи. Тој навел дека кај младите навивачи особено кај оние чиј фудбалски тим губеле на теренот бил забележан висок кортизол, хормон на стрес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *