Астероид со големина колку школски автобус пролета покрај Земјата!

popara17 мај, 20121min00
23ed32

Беше блиску но се извлековме

Астероид 2012 ЈУ, со големина на еден школски автобус на 13 мај помина покрај Земјата на одалеченост од 190.000 км- што е околу пола од раздалеченоста на Земјата од Месечината.

Неговата орбита е моментално скоро целосно израмнета со Земјата, а во наредните неколку недели полека ќе се одалечува од нас.

Во текот на мај уште две космички тела ќе поминат релативно блиску до нашата планета-2010КК37, со должина од 43 метри, ке помине на 19 мај на одалеченост од 880.000км, а 2001CQ36, долг околу 170 метри, ќе помине со поголема одалеченост  од околу 3,8 милиони километри.

Секако од овие објекти за сега на нас не ни се заканува никаква опасност.

Астероидите често поминуваат помеѓу нашата планета и Месечината.Минатиот месец на 1 април 46 метарскиот EG5 поминал на одалеченост од 23.000 км, а на 26 март два помали астероиди поминале покрај земјата на само 58.000 и 154.000км.Во јануари 2012BX34 поминал на одалеченост од  59.600км.До денес астрономите откриле повеќе од 8900 објекти кои доаѓаат блиску до Земјата,се нарекуваат NEO-a: 840 од нив имаат дијаметар повеќе од еден километар, а 1284 од нив се сметани за потенцијално опасни(PHA).PHA се објекти поголеми од 150 метри кои и се доплижуваат на Земјата помалку од 7480.000км.Секако се претпоставува дека има уште многу кои не се откриени.

Минатиот ноември еден таков- 2005YU55, со дијаметар од 400 метри се приближи на нашата планета.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag