Џејмс Трим е еден од ретките луѓе на светот кој има вистински талент за дизајнирање на луксузни спортски автомобили.
Трим, кој штотуку заврши факултет, го создаде концептот за Астон Мартин Воларе, екстремно луксузен спортски автомобил двосед кој ќе работи на алтернативни горива.
Дизајнот е навистина фантастичен, а станува збор за навистина брз автомобил, па се надеваме дека компанијата ќе прифати да ја оствари визијата на Трим.