Австриските бездомници се собираат во борделот Red Rooms Laufhaus во Виена, бидејќи сопственикот Питер Ласкарис им ги понудил собите за да не бидат надвор на ладното време.
Сопственикот секоја вечер обезбедува за 10 бездомници топла бања, храна и кревет. Нагласил дека другите услуги од борделот не се вклучени.
Сопственикот нагласил дека сега е во преговори и со другите бордели да го направат истото. „Овие денови нема многу работа. Многу луѓе се на одмор, а нашите соби се празни, па штета е да бидат неискористени, а некој да седи надвор на минус 20 степени“, додал Ласкарис.