Потребни состојки:
- 500гр костен-пире
- 150гр маргарин
- 100гр шеќер во прав
- малку посно чоколадо
Начин на подготовка:
Пенасто изматете го маргаринот, додадете шеќер во прав и добро измешајте. Додадете костен пире и направете мазна смеса. Со рака обликувајте ги солзите и до половина натопете ги во растопеното чоколадо. Почекајте чоколадото да се стегне, па наредете ги во кошнички.