Банка им го простила долгот на сиромашните

popara27 јануари, 20121min00
banka

Иако во денешно време банките се синоним за бескрупулозност и „мршојаден“ начин на работење, од Франција ни доаѓа еден навистина интересен и невообичаен пример за сочувствителност.

Банката „Credit Municipal de Paris“ ја покажа својата човечност и по повод 375 годишнината од своето постоење на илјадници свои најсиромашни клиенти им ги прости долговите.

Во прашање се долгови до 150 евра, но веста навистина ги израдува 3500 клиенти на банката кои се сиромашни.

Банката е основана во далечната 1637 година, а од самиот почеток е позната како банка на сиромашните. Таа е основана од страна на филантропот Теофаст Ренаду, кој се залагал за праведно банкарство.

Се надеваме дека и некоја од нашите банки ќе го следи францускиот пример!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag