Веднаш по смртта на нашата прерано загината музичка ѕвезда сите светски медиуми почнаа да известуваат за немилиот настан кој се случи во близина на Нова Градишка, Хрватска.
Насекаде во светот беа отворени книги на жалост во кои се потпишаа илјадници луѓе.
Владата на Република Македонија на итна седница го прогласи нашиот ангел за почесен граѓанин на Република Македонија.
Веста за смртта на Тоше Проески ја пренесоа голем број светски новински агенции, каде пишуваа дека загубата на Тоше не е трагична и болна само за Македонија, тука за целиот регион и светот.