Бебето кое се роди со само 269 гр. тежина преживеа и излезе од болница

popara22 јануари, 20121min00
bebe

Мелинда Стар Гидо, едно од најмалечките бебиња на светот, конечно беше пуштена од болницата во Лос Анџелес, по пет месеци поминати во инкубатор.

Мелина е родена со тежина од само 269 грама и многу мали шанси за преживување. Нејзината мајка, Хајди Ибара, се породила со царски рез во 24 недела од бременоста заради компликации со високиот крвен притисок.

„Пресреќна сум што е добро и што конечно ќе си ја однесеме дома“, вели среќната мајка.

Мелинда сега тежи 2.04 килограми и сеуште дише преку цевка, но докторите се надеваат дека ќе има нормален живот, иако планираат да ја дангледуваат во наредните шест години.

Мелинда е третото најмало бебе кое успеало да преживее. Најмалото бебе кое успеало да преживее е родено во САД со тежина од само 260 грама, а денеска е зраво седумгодишно дете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag